Дома Фудбал Останато Клоп објасни зошто ниту еден друг клуб немал шанси против Борусија да го доведе Халанд

Клоп објасни зошто ниту еден друг клуб немал шанси против Борусија да го доведе Халанд

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп застана во одбрана на големиот ривал, Манчестер Јунајтед.

Манчестер Јунајтед доби бројни критики затоа што во зимскиот преоден рок не успеа да го доведе Ерлинг Халанд кој заврши во Борусија Дортмунд и таму на 7 натпревари постигна 11 гола во Бундес лигата и Лигата на шампионите.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Сите го обвинуваат Јунајтед зошто не го доведе Халанд, но тие немаа шанса за такво нешто. Ниту ние, ниту тие немаа шанси. Тој сакаше да оди во голем тим кој ќе му обезбеди место во првите 11, затоа ја избра Борусија. Борусија е голем тим, имаа место за „деветка“ и му кажаа: Имаш 19 години, сакаш да играш во Лигата на шампионите и да се бориш за врвот во Бундес лигата? Во ред, еве ти го дресот и ајде. Затоа ниту еден друг клуб немаше шанси да го доведе“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ангеловски им даде поддршка на македонските фудбалери пред мечот со Данска (ФОТО)

Поранешниот македонски селектор Игор Ангеловски испрати поддршка до репрезентативците пред…