Дома Фудбал Англија Клоп: Ние не сме како Сити, Јунајтед или Челзи

Клоп: Ние не сме како Сити, Јунајтед или Челзи

Tренерот на Ливерпул, Јирген Клоп пред новата сезона имаше интервју за „Би-Би-Си“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ливерпул сезоната во која ќе ја брани титулата ја започнува во сабота кога ќе игра против тимот на Алиоски, Лидс

Во овој преоден рок Ливерпул доведе само еден играч и тоа левиот бек Константинос Цимискас кој го плати 13 милиони евра на Олимпијакос. Уште неколку играчи беа вратени од позајмица и тоа засега е се. Се обидуваше Ливерпул да го доведе Вернер, но на крај тој заврши во Челзи.

Од друга страна Манчестер Сити до сега потроши 78 милиони евра, Јунајтед го купи Ван Де Бек за 39 милиони евра, а Челзи беше најактивен и вложи 223 милиони евра.

„Иднината не извесна и не сакаме да се залетуваме. Некои клубови се однесуваат како да нема криза, но тоа го можат затоа што нивните сопственици се држави или олигарси. Ние сме поинаков клуб и не можеме да трошиме како Сити, Јунајтед и Челзи. Тие цело време се засилуваат, тоа може да биде предност, но не можеш да купиш 11 играчи и да очекуваш дека преку ноќ тие ќе се воигаат. Најважна е работата и тука е нашата предност, мислам дека совршено функционираме на тренинзите“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кој е Елој Рум? Српскиот зет кој го воодушеви светот на Мундијалот и речиси го собори светскиот рекорд (Видео)

Имавме прекрасна приказна во првото коло кога се работи за голмани, и ја имаме и во второт…