Дома Фудбал Англија Клоп: Не сме слепи, нормално дека сме заинтересирани за Мбапе

Клоп: Не сме слепи, нормално дека сме заинтересирани за Мбапе

Фудбалскиот свет и понатаму ја чека одлуката на Килијан Мбапе за тоа каде ќе ја продолжи неговата кариера.

Договорот со ПСЖ му истекува на крајот од сезоната, а најсериозен кандидат да го доведе е Реал Мадрид. Напаѓачот за викендот кога му беше доделена наградата за најдобар играч во сезоната во Лига 1 соопшти дека, скоро и да ја има донесено одлуката, но ќе ја објави по завршувањето на сезоната.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Прашање за Мбапе доби и тренерот на Ливерпул Јирген Клоп, кој е со задоволство би го видел Мбапе во својот тим, но е свесен дека тој би бил прескапа аквизиција за Ливерпул. И во ситуација кога Мбапе заминува бесплатно, Клоп смета дека неговиот тим не може да ги исполни финансиските барања на напаѓачот.

„Секако дека сме заинтересирани за доведување на Килијан Мбапе, не сме слепи“, изјави Клоп и додаде:

„Немам што повеќе да кажам на таа тема. На оној кој не му се допаѓа фудбалот на Мбапе треба да се запраша што не е во ред со него самиот. Но, нема шанси да го доведеме, не можеме да се бориме со конкуренцијата“, порача германскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…