Дома Фудбал Лига на шампиони Клоп не се плаши од отказ: Моја работа е да откријам зошто не ни оди добро

Клоп не се плаши од отказ: Моја работа е да откријам зошто не ни оди добро

Tимот на Ливерпул доживеа вистински дебакл во Лигата на шампионите откако во Неапол Наполи ги совлада со 4:1.

По натпреварот и Јирген Клоп призна дека проблеми имале и истите биле очигледни.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Очигледни беа проблемите. Наполи одигра многу добар натпревар, а ние многу лош. Зошто не игравме добро? Поради стартот, пенал, па нов пенал…Не се игра лесно во ваква атмосфера. За 60 минути воопшто не направивме контрапресинг во 60 минути, малку се променија работите со влегувањето на Тиаго“.

„Мојата задача е да го најдам проблемот и да откријам зошто не оди добро. Ова не е првпат да не бидеме добри, дел од причината знаем. Моја одговорност е и ќе се обидам да разберам каде точно сум згрешил“.

Новинарите го запрашаа дали се плаши од судбина како на Тухел кој вчера доби отказ по поразот од Динамо Загреб.

„Не сум во таква ситуација. Сопствениците очекуваат јас да ја решам ситуацијата, а не некој друг“, потенцираше германскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Солзите на Винисиус не биле вистински: Се работело за сценарио за филм!

Винисиус Жуниор го привлече вниманието на медиумите со настапот на прес-конференцијата пре…