Дома Фудбал Англија Клоп: На овие момци би им дал да ми ги чуваат и децата

Клоп: На овие момци би им дал да ми ги чуваат и децата

Со победата над Вест Хем во Лондон, Ливерпул ја зголеми предноста на лидерската позиција на 19 бодови, а менаџерот Јирген Клоп после натпреварот зборувшае за довербата која ја има во своите играчи.

Актуелниот шампион и вицешампион на Англија стигна до победата иако не беше најубедлив. Уште еднаш Ливерпул победи иако не одигра баш најдобро.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Не беше ова одличен натпревар, игравме против тим на кој не му е сигурен опстанокот во лигата, тоа ни ја отежна работата, Многу важен елемент од играта е да се одговори на контрите, но за тоа противничкиот тим треба да има контри. Треба да освојувате топки и да користите простори, но задоволен сум и вака. Да е лесно да се победи на волку натпревари и останатите би го направиле тоа. Беше навистина тешко“.

„Не станува збор за мотивација, нас ни е тешко да ја одржиме концентрацијата. Мислам дека ние нив им ги дадовме најдобрите шанси. Меѓутоа јас верувам во моите играчи, на овие момци би им дал да ми ги чуваат децата. На секого му се случи да погреши, тоа нема врска со мотивацијата“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Анчелоти ќе комбинира со составот против Барселона?

Фудбалерите на Реал Мадрид во недела ја пречекуваат Барселона, а Карло Анчелоти размислува…