Jирген Клоп од доаѓањето во Ливерпул работи одлично и на овој тим му ја донесе титулата во Премиер лигата која „црвените“ ја чекаа цели 30 години.
Неговиот актуелен договор со шампионот на Англија има важност уште четири години, до средината на 2024 година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во досегашните изјави Клоп зборуваше дека веројатно ќе го одработи договорот до крај, но дека со задоволство би го прифатил повикот да ја превземе селекторската функција во Германија.
Сепак, во неговата последна изјава најави нешто поинаку.
„Откако ќе ми истече договорот со Ливерпул ќе си земам една година одмор и ќе се запрашам дали ми недостасува фудбалот. Ако одговорот биде „не“ тогаш тоа ќе биде крај на мојата тренерска кариера“, изјави Клоп.