Дома Фудбал Англија Клоп направи шоу: Знае ли некој на која позиција играше Мурињо? Гуглајте! (ВИДЕО)

Клоп направи шоу: Знае ли некој на која позиција играше Мурињо? Гуглајте! (ВИДЕО)

Ливерпул во сабота од 18:30 часот во дербито на 22. Коло во Премиер лигата гостува кај Тотенхем.

Тимот на Јирген Клоп е убедливо прв на табелата без и со 13 бодови предност во однос на Лестер. Ливерпул изгуби само еден од последните 58 натпревари во Премиер лигата и треба да се случи чудо за оваа година да не ја освојат титулата во Премиер лигата после 30 години чекање.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тотенхем во натпреварот влегува со два порази и ќе игра без Хари Кејн кој ќе биде надвор од терените три месеци поради повреда на задната ложа.

Јирген Клоп и Жозе Мурињо беа играчи пред да станат тренери, па новинарите го прашаа Клоп кој според него бил подобар играч.

„Хм, не сум сигурен дали бил подобар од мене, но добра вест е дека ниту еден од нас двајца нема да игра во овој натпревар“, потоа го прашаа на која позиција играл Мурињо:

„Навистина не знам. Дали бил голман? Знае ли некој тука на која позиција играл Мурињо? Немојте само да глумите дека знаете и да испадне дека Клоп нема поим. Сериозно, знае ли некој? Баш ме интересира, гуглајте!“, порача Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арне Слот потврди: Преговорите се во тек, сакам да бидам тренер на Ливерпул

Eкипата на Ливерпул и холандскиот тренер Арне Слот се блиску до договор за соработка, потв…