Дома Фудбал Англија Клоп му одржа лекција на Лампард по инцидентот на „Енфилд“: Ти имаш уште многу да учиш…

Клоп му одржа лекција на Лампард по инцидентот на „Енфилд“: Ти имаш уште многу да учиш…

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп го коментираше непристојното однесување на стратегот на Челси, Франк Лампард, по нивната караница во дербито на „Енфилд“.

Ливерпул славеше на домашен терен со 5-3, а тој пораз го налути тренерот на „сините“ кој уште на мечот имаше што да му замери на повозрасниот колега, а и по дуелот удри по Германецот.

Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓


На социјалните мрежи се појавија и снимки на кои можеше да се забележи како Лампард во текот на мечот почна да вика кон Клоп, а на крајот искористи и пцовки.

Клоп не можеше повеќе да молчи и му одржа животна лекција на младиот тренер на „сините“.

„Не сме арогантни како што тој смета. Го почитувам тоа што Лампард е борбен, што има натпреварувачки дух, но за мене мечот е готов штом судијата свири крај. Тоа е нешто што тој мора да го научи. Не се држеше до тоа, но млад е, има многу време и има многу да уќи“, повтори Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познато кога Модриќ ќе потпише за Милан

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ (39) треба следната недела, п…