Дома Фудбал Англија Клоп: Мораме во Лигата на шампионите

Клоп: Мораме во Лигата на шампионите

klop

Tренерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека неговите фудбалери мораат да останат мотивирани и да ги избегнат грешките кои ги правеле во одредени натпревари во текот на првенството доколку сакаат да обезбедат место во Лигата на шампионите.

Фудбалерите на Ливерпул утре го играат својот натпревар против Свонси, а натпреварот се игра традиционално на вториот ден од Божиќ, „Боксинг деј“.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Мораме да се пласираме во Лигата на шампионите. Мораме да го завршиме првенството на што подобра позиција. Можеме да бидеме втори, трети или четврти, а тоа е фантастична ситуација. Не е онаа за која сонувавме, но е фантастична. За тоа работиме и поради тоа мораме да се поправиме на сите полиња“, изјави Клоп за „Скај“.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…