Јирген Клоп и официјално стави крај на кариерата во Ливерпул, а по заминувањето од „Енфилд“ германскиот стратег најави едногодишна пауза.
Новинарите ги интересираше дали Клоп во иднина повторно ќе биде тренер на некој голем клуб. Неговиот одговор можеби беше и малку изненандувчаки.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Навистина не гледам дека би работел со ист ентузијазам, едноставно не би можел. Работиш со се што имаш или воопшто не треба да работиш, едноставно само така ја разбирам мојата професија. Ливерпул ме исцрпи, прашање е дали ќе бидам тренер на некој голем клуб. Сепак, да почекаме“…
Времето без клуб, Клоп ќе го помине во Мајорка каде што поседува вила вредна 3.4 милиони фунти.
„Мојот сон секогаш бил да имам куќа на југот. Времето ми се допаѓа, исто така и луѓето“, објасни Клоп.