Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп исто така е голем фан на Лионел Меси и би се радувал да го има во својот тим.
Клоп зборуваше за можноста Меси да се пресели во Ливерпул и верува дека тоа не е можно во моментов.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Да, сигурно би биле среќни да го имаме Лео. Кој не би го сакал Меси? Но, нема никаква шанса да се случи тоа. Сумите кои се споменуваат сигурно не се во нашите можности“, истакна Клоп.
Лионел Меси е главна тема во целиот свет откако пред три дена официјално побара раскин на договорот со Барселона и сака да го напушти „Камп Ноу“.
Медиумите на Островот тврдат дека 33-годишниот Аргентинец е најблиску до трансфер во Премиер лигата, во дресот на Манчестер Сити.