Дома Фудбал Англија Клоп искрен: Ова што го направивме е невозможно

Клоп искрен: Ова што го направивме е невозможно

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше многу среќен после победата на неговиот тим над Вест Хем со што срушија неколку рекорди во Премиер лигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Со синоќешната победа Ливерпул го израмни рекордот на Манчестер Јунајтед од 18 победи по ред во Премиер лигата.

„Никогаш не ни помислив дека на 11 натпревари до крајот ние ќе се наоѓаме во оваа ситуација. Рекордот е неверојатен, но јас никогаш не можев ниту да помислам дека тоа ќе се случи. Секој натпревар е тежок и не очекувам тоа да се промени до крајот. Многу сме блиску до титулата, но треба да ја довршиме работата до крај“, изјави Клоп.

Ливерпул има неверојатни 22 бода предност пред Манчестер Сити и со само едно реми и 26 победи е единствен тим во Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Почина човекот поради кого беа воведени картоните на фудбалските натпревари

Поранешниот капитен на аргентинската фудбалска репрезентација, Антонио Ратин, почина во 89…