Дома Фудбал Англија Клоп: Имам Инстаграм со лажно име

Клоп: Имам Инстаграм со лажно име

Јирген Клоп откри дека има Инстаграм со лажно име од каде што ги следи активностите на своите играчи.

Често Јирген Клоп зборуваше за позитивни и негативни работи за користењето на друштвените мрежи, но секогаш инсистираше дека нема свој профил на ниту една од нив.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сега во интервју за „ТалкСпорт“ призна дека има Инстаграм профил со друго име од каде што ги следи неговите играчи. Како што наведе, нема фотографии и не следи многу луѓе, за него корисно е што не може да ги заборави родендените на своите играчи.

„Од минатото лето имам Инстаграм, ги следам сите мои играчи. Му кажав на Окс дека го следам него и неговата сопруга. Ми изгледа дека имаат баш фенси живот кога јас не сум во близин“:

„Имам лажно име. Јасно ми е дека тоа не е принципот на кои функционираат друштвените мрежи, но ништо не објавувам, сепак е забавно кога таму ги гледам момците. Добра работа е што никогаш не можам да ги заборавам родендените на моите играчи“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…