Германскиот стратег Јирген Клоп се покаја поради она што неодамна го изјави за Јувентус и почувствува потреба да му се извини на Сари и неговата екипа.
Клоп неодамна зборуваше за фаворитите во Лигата на шампионите и тогаш изјави дека дека не му е јасно како Јувентус нема 10 бода предност во одност на конкурентите во Серија А.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Кој е фаворит за ЛШ? Јувентус беше мој фаворит пред почетокот на сезоната, но очигледно не го следам италијанскиот фудбал бидејќи не ми е јасно како Јувентус нема 10 бодови преднсот пред второпласираниот тим во Серија А“, изјави тогаш Клоп.
Денес даде поинаква изјава.
„Понекогаш не размислувам што зборувам. Тогаш се случува ова. Не сакав да го ставам Сари под притисок, не се служам со такви игри. Моите зборови се извлечени од контекс, не сакав тоа да му го направам на мојот колега, многу го почитувам Маурицио. Најголем фаворит за освојување на ЛШ е ПСЖ, сега тие нека бидат притисок“, се пошегува на крајот Клоп.