Дома Фудбал Англија Клоп: Зошто не го прашувате Гвардиола за неговиот договор?

Клоп: Зошто не го прашувате Гвардиола за неговиот договор?

Германскиот стратег Јирген Клоп изјави дека кога ќе дојде време ќе размисли дали ќе го продолжи договорот со Ливерпул.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Клоп се обврза на верност со Ливерпул до летото 2024 година.

Сепак, германскиот тренер често пати добива прашање до кога ќе работи на „Енфилд“ како менаџер.

„Луѓето цело време ме прашуваат истото. Зошто не го прашувате Пеп Гвардиола за неговиот договор кој истекува наредната година? Имам уште четир игодини и тоа е како вечност. Многу работи може да се случат. Кога ќе дојде време ќе размислувам за новиот договор. Ако не го продолжам договорот ќе одам на одмор. Нема веднаш да барам нов ангажман. Сигурно ќе направам една година пауза“, изјави Клоп.

Германецот на „Енфилд“ пристигна во 2015 година, ја освои титулата во Премиер лигата, Лигата на шампионите и Светското клупско првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Навивачи грабнаа репортер и го фрлаа во воздух: Ова е најлудата сцена на Мундијалот (Видео)

Во Мексико владее невидена возбуда. Домашните навивачи се во потполна екстаза откако репре…