Дома Фудбал Англија Клоп збесна пред камерите: Англиските медиуми го забранија ова негово интервју! ?

Клоп збесна пред камерите: Англиските медиуми го забранија ова негово интервју! ?

Jирген Клоп е познат како тренер што често пати го кажува она што го мисли и поради тоа е исклучително ценет во светот на фудбалот.

Ливерпул во дербито го победи Лестер со 3:0, а после натпреварот Клоп беше прилично бесен.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Германецот беше лут поради претупраниот распоред и ги прозва сопствениците на ТВ правата за англиската Премиер лигата, а на крајот неговото интервју во Англија беше и забрането.

„Ако вие и БТ Спорт не се договорите, ние сме готови“, порача Клоп во изјава за „Скај“, телевизиската куќа која заедно со „БТ Спорт“ ги пренесува натпреварите.

„Скај Спорт“ не го прикажа интервјуто со Клоп, но тоа го направи американскиот „НВЦ“. Не е тешко да се заклучи зошто дошло до цензура.

„Доколку продолжиме да играме среда и четврток навечер во европските купови и за репрезентациите, а потоа повторно сабота и недела попладне во Премиер лигата не сум сигурен дека ќе ја завршиме сезоната со 11 здрави играчи. Тоа не е само проблем на Ливерпул, ова треба и тоа како да ја засега англиската репрезентација“.

„Сите играчи зборуваат дека ова е навистина тешко и навистина е така, но ништо не се менува. Оваа недела играме во среда вечерта против Аталанта и повторно во сабота на гости со Брајтон. Размислувам за тоа однапред да ги испратам бодовите во Брајтон“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…