Од вчера во фудбалскиот свет актуелна е новата Суперлига која ја формираа 12 големи европски клубови.
Пред вчерашниот натпревар помеѓу Ливерпул и Лидс фудбалерите на Лидс излегоа со маици „Фудбалот е за навивачи“ и „Заслужете го“, ова се однесуваше на тоа дека Ливерпул мора на терен да го заслужи пласманот во Лигата на шампионите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
По натпреварот коментар на темата „Суперлига“ даде и Јирген Клоп кои застана на страна на навивачите, иако неговиот тим е учесник во новофомираната лига.
„Слушнав од медиумите. Го почитувам потегот на играчите на Лидс. Фудбалот се игра за навивачи и ако тие не се задоволни за што се прави тоа натпреварување? Не можам да кажам многу за Суперигата. Верувајте, ниту јас ниту играчите до вчера не знаевме за тие планови, не бевме вклучени во таквите одлуки поради тоа не можам да ви дадам и конкретен коментар“, изјави Клоп.