Дома Фудбал Англија Клоп за ситуацијата во последното коло: Тоа сигурно е дополнителна мотивација за Џерард

Клоп за ситуацијата во последното коло: Тоа сигурно е дополнителна мотивација за Џерард

За Ливерпул да стигне до титулата во Премиер лигата во последното коло Џерард со својата Астон Вила не смее да изгуби на „Етихад“, а Ливерпул мора да го победи Вулвс во својот натпревар.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп се стави во позиција на Џерард и порача дека ваквата ситуација за легендата на Ливерпул е само дополнителна мотивација.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


“Можам само да замислам како се чувствува Џерард ако се ставам на негова позиција. Ако играм натпревар кој би можел да му помогне на некој од моите поранешни клубови, Борусија или Мајнц, тоа би било дополнителна мотивација за мене.. Не му се јавив јас на Џерард, сите останати во клубот веројатно го направија тоа“.

Клоп потврди и дека Ориги ќе го напушти Ливерпул.

„Тој е легенда на Ливерпул, еден од најважните играчи со кои сум работел. Очекувам да добие збогување какво што заслужи. Вистинско задоволство беше да се работи со него каде и да оди ќе биде одличен. Тој е одличен играч, одлично момче. Сите го сакаат во тимот, ќе ни биде тешко што заминува“, истакна Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фелипе Мело со жесток коментар за Робињо и Алвеш: Ако тоа се случеше на мојата ќерка, денес не би бил тука

По случаите на силување на бразилските фудбалери, Робињо и Дани Алвеш, се огласи и Фелипе …