Баерн повторно е на европскиот трон, а Баварците во големото финале во ЛШ го победија ПСЖ со минимални 1:0.
Јирген Клоп како поранешен менаџер на Борусија Дортмунд добро го познава Баерн. Им честиташе, но истакна дека имале многу среќа во целокупната ситуација.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Тешко дека некој тоа ќе го повтори. Баерн имаше и многу среќа бидејќи во овој хаос со коронавирусот во Бундеслигата имаа најдобар распоред и оптимално време за припреми. Сепак, тоа не го менува фактот што се одличен тим.“ – изјави Клоп.
Менаџерот на Ливерпул смета дека Баерн бил фаворит против било која екипа.
„Имаат одлични играчи на сите позиции. Сигурен сум дека Баерн ќе имаше големи шанси и доколку во финалето играше против нас или Манчестер Сити.