Дома Фудбал Англија Клоп за легендарниот тренер кој умира: Нека дојде тука, ќе му ја препуштам мојата работа на еден ден

Клоп за легендарниот тренер кој умира: Нека дојде тука, ќе му ја препуштам мојата работа на еден ден

Прославениот шведски тренер Свен-Горан Ериксен неодамна откри дека се бори со тешка болест поради која не му останува уште многу време и има најмногу уште една година живот.

Оваа информација како и тоа дека жали што никогаш не бил тренер на Ливерпул стигна и до Јирген Клоп.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Зад Ериксон е богата тренерска кариера која ја започна во 1977 година на клупата на шведски Дагерфорд. Подоцна ги водеше екипите на Гетеборг, Бенфика, Рома, Фиорентина, Сампдорија, Лацио, Англија, Манчестер Сити, Мексико, Брегот на Слоновата Коска, Лестер, Гвангжу, Шангај ШИПГ и Филипини.

„Неодамна дознав дека цел живот е голем навивач на Ливерпул, а слушнав за идејата водење на легендите на Ливерпул.

На тоа не можам да влијаам. Единствено е што можам е да му кажам дека е добредојден тука, ќе му ја препуштам мојата работа на еден ден ако тоа го сака. Воопшто нема проблем. Нека седне место мене, ќе му покажам како клубот се развиваше во изминатите години. Само нека дојде, сигурен сум дека ќе ужива“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Во Италија ќе има и трет преоден рок

Во Италија од наредната година би можел да биде воведен и трет преоден рок. Причина за ово…