Дома Фудбал Англија Клоп за играта на Тотенхем: Никогаш не би го водел тимот на таков начин

Клоп за играта на Тотенхем: Никогаш не би го водел тимот на таков начин

Ремито на Ливерпул против Тотенхем му даде прилика на Манчестер Сити со денешната победа против Њукасл да дојде во одлична позиција за освојување на првенството .

Клоп по натпреварот истакна дека не му се допаѓа фудбалот кој го игра Тотенхем и тактиката што ја поставил Антонио Конте.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Прашувате погрешна личност за тоа, но јас сум човек кој не сака таков фудбал. Сепак, тоа е мој личен проблем. Тотенхем го сметам за врвен тим и верувам дека требаше да направат повеќе за фудбалот во овој натпревар“, рече Клоп.

„Имаат играчи од светска класа и посед на топка од 36%. Сепак како што кажав тоа е нешто во кое јас немам право да се мешам. Можам само да кажам дека јас не би го водел тимот на таков начин никогаш, меѓутоа секој си има свој начин и го почитувам тоа“.

Во борбата за титулата нема предавање.

„Бодот е важен затоа што имавме бод повеќе пред натпреварот. Сега сме први, но Сити има шанси да не помине. Момците се поразочарани од мене“, изјави Клоп.

На табелата во овој момент Ливерпул и Сити имаат по 83 бодови, а „граѓаните“ својот натпревар од ова коло го играат денес против Њукасл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …