Дома Фудбал Англија Клоп: Дома гледам натпревари без тон за да не го слушам коментаторот

Клоп: Дома гледам натпревари без тон за да не го слушам коментаторот

Фудбалските првенства низ светот наскоро се очекува да се вратат на терените, Бундеслигата веќе го направи тоа со натпреварите изминатиот викенд, меѓутоа јасно е дека во следните месеци ќе гледаме фудбал без публика.

На оваа тема зборуваше тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп кој во оваа прилика откри дека кога од дома гледа други натпревари ги гледа без тон.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Јас сум малку чуден тип. Кога гледам фудбал – други натпревари не нашите ги гледам без тон бидејќи не сакам да го слушам коментаторот. Ме интересира самата игра. Така да за мене тоа што нема публика кога гледам од дома не ми прави некоја разлика… Да совршен пакет би бил полн „Енфилд“ и натпревар на два големи клуба со победа на Ливерпул на крајот. Меѓутоа ќе мораме да ја прифатиме ситуацијата“.

Зборуваше Клоп потоа за тренинзите.

„Ќе биде напорно, за тренерите посебно бидејќи со мали групи потешко е да се тренира…Момците се физички во добра состојба, но треба прво да се навикнеме на теренот, на копачките, на топката…На нашата работа. Тоа е предизвик и за телото. Фудбалерите веројатно сега можат да истрчаат и маратон, но кога ќе ја земеш топката во нозете се гледа разликата и отсуството од терените“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…