Дома Фудбал Англија Клоп: Да се игра против Сити е најтешкото нешто во фудбалот

Клоп: Да се игра против Сити е најтешкото нешто во фудбалот

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп го определи мечот против Манчестер Сити како „најтешкиот натпревар во фудбалот“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Двата најголеми конкуренти за титулата во Премиер лигата ќе ги одмерат силите на „Енфилд“ во недела, а во моментов „црвените“ имаат пет бода повеќе, но и натпревар повеќе.

„Дуелот со Манчестер Сити нема да го одлучи првенство. Тоа е многу, многу тежок меч за двата тима. Меѓутоа, се уште сезоната е во рана фаза и нештата можат да се променат. Манчестер Сити е еден од најдобрите тимови во светот. Сакам вакви натпревари, но задачата е тешка. Да играш против Сити може е најтешкиот меч во светот на фудбалот и ние треба да сме подготвени за тоа“, изјави Клоп.

Клоп откри дека Алканатара не е спремен и ќе го пропушти дербито во недела, но добрата вест е Жоел Матип се враќа во тимот и ќе биде спремен за игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Селекторот на Иран збесна поради третманот на Мундијалот: Џани, реагирај!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Иран, Амир Галеноеи, го обвини домаќинот на Св…