Фудбалерите на Ливерпул утре го играат првиот меч од плеј-офот во рамки на ЛЕ против Хофенхајм.
Избраниците на Јирген Клоп утре на гостувањето во Германија силите ќе ги одмери со Хофенхајм во првиот меч од плеј-офот за ЛШ. „Црвените“ денес во својот тренинг камп изработија уште еден тренинг на кој ниту овојпат не беше присутен Филипе Кутињо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилецот поради повреда на грбот го пропушти мечот против Вотфорд, а не е во конкуренција ниту за утрешниот меч. Секако, откако е потврдено дека Кутињо не е пријавен за мечот против Хофенхајм распламнаа шпекулациите дека овој фудбалер сепак својата кариера ќе ја продолжи во Барселона.
Меѓутоа, по вечерашниот тренинг се огласи повторно Клоп кој со новинарите одлучи да подели нови информации што се однесува до статусот на бразилскиот играч. Германскиот стратег додаде дека повредата е единствената причина поради тоа што Кутињо не игра.
„Ништо не се промени во изминатите неколку дена што се однесува до Кутињо и фамозниот трансфер. Тој не е достапен за нас во овој момент и тоа е главниот проблем во сето тоа. Не може да игра поради проблемите со повредата и сите знаат дека тоа е огромен удар за нашиот тим. Се подготвуваме за мечот без него, баш како и без Адам Лалана и Даниел Стариџ кои се повредени“, истакна Клоп.