Ливерпул е силно заинтересиран за плејмејкерот на Милан, Исмаил Бенасер, пренесуваат италијанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Клоп во алжирскиот репрезентативец гледа идеална замена за Чемберлејн, кој заработи тешка повреда во предсезоната и долго време ќе отсуствува од терените.
Тренерот е загрижен поради малкуте алтернативи кои ги има во средниот ред и верува дека Бенасер ќе биде идеално решение.
Ливерпул спрема понуда, но Милан одбива да преговара и сака да го задржи 24-годишниот плејмејкер.
Алжирецот има договор со „росонерите“ до 2023 година, но Милан веќе започна преговори за продолжување на соработката.