Тимот на Ливерпул беше поразен во дербито против Арсенал, па така сега Манчестер Сити има прилика да го преземе врвот на табелата со победа во двата заостанати натпревари.
Има уште многу до крајот на сезоната и промени се можни, за тоа е свесен и Јирген Клоп. Меѓутоа, по вчерашниот натпревар стратегот на Ливерпул не пропушти и да го критикува главниот судија на натпреварот, Ентони Тејлор.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Клоп смета дека Конате не требало да добие втор жолт картон, а потсети дека токму од Тејлор бил исклучен против Манчестер Сити.
„Повеќе работи беа на наша штета. Истиот судија ми покажа црвен картон против Манчестер Сити затоа што протестирав за боречки зафат на Бернардо Силва врз Салах. Сега Конате доби жолт картон затоа што Хаверц го држеше, Габриел истото му го направи Нуњез, но тогаш немаше реакција“, изјави Клоп по натпреварот.
На крајот Клоп сепак и му честиташе на Арсенал за победата и освоените три бода. Ќе потсетиме, Клоп ги минува последните месеци на клупата на Ливерпул бидејќи веќе потврди дека заминува на крајот од сезоната.