Дома Фудбал Англија Клоп ги потврди лошите вести за Ливерпул

Клоп ги потврди лошите вести за Ливерпул

Лоши вести за црвените пред градското дерби

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп денес потврди дека Алберто Морено ќе мора да паузира поради повреда на зглобот која ја заработил во натпреварот од Лигата на шампионите против Спартак Москва.

Шпанецот мораше да ја напушти играта во финишот од првото полувреме, а Клоп сега потврди дека е повреден, но сеуште не знае кога тој ќе се врати на терените.

Англиските медиуми истакнуваат дека Морено ќе го пропушти традиционално густиот распоред во Премиер лигата пред Нова година.

„Не сме сигурни, ќе мора да оди на нови прегледи, во овој момент се е можно, но не можам ништо да потврдам. Повредата е чудна, специјалистите исто така не знаат, па може ќе паузира неколку недели, а може и само неколку дена“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Прекините за хидрација станаа бизнис: ФИФА не планира да ги укине

ФИФА не планира да се откаже од прекините за хидрација кои на Светското првенство 2026 им …