Според пишувањето на медиумите во Турција, хрватскиот репрезентативец на Домагој Вида се наоѓа на мета на Ливерпул.
Вида е играч на Бешиткаш, а со своите одлични настапи на Мундијалот привлече внимание од разни клубови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно за Вида во игра се три клуба. Најмногу понудил Ливерпул (13 милиони фунти), додека Лестер понудил 12, а Евертон 10.
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп сака дополнително да го засили тимот со што би требал по титулата во англиското првенство. Клоп размислува да игра со тројца играчи последната линија.
Вида пред шест месеци пристигна во Бешиташ, а претходно го носеше дресот на Динамо Киев, Баер, Динамо Загреб и Осијек.
Да потсетиме, Ливерпул во своите редови веќе го има хравтскиот дефанзивец, Дејан Ловрен.
Liverpool make offer for Croatia international Domagoj Vida #FutureFest18 https://t.co/xk9daDBplF pic.twitter.com/iFemyk480u
— GoalBall (@goalballng) July 6, 2018