Дома Фудбал Англија Клоп без влакна на јазикот: Барселона лаже во врска со Кутињо

Клоп без влакна на јазикот: Барселона лаже во врска со Кутињо

Челниците на Барселона по завршувањето на преодниот рок признаа дека имале шанса да го донесат Филипе Кутињо.

Сагата околу бразилскиот играч траеше неколку седмици, а по силните шпекулации Кутињо остана во Ливерпул. Од Каталонскиот клуб вчера порачаа дека имале прилика да го донесат Бразилецот бидејќи „Црвените“ им порачале дека тој може да замине ако за него платат 200 милиони евра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сепак, Барселона одлучила дека тоа се премногу пари за овој играч и подготвени биле максимално да платат 130 милиони евра. Откако се огласија од Барселона, денес пристигна одговор и од „Енфилд“. Секако, Јирген Клоп не можеше да ги игнорира ваквите наведувања од Барселона, па ги демантираше Каталонците.

„Немаше никакви шанси Кутињо да замине во Барселона, тие лажат. Немојте да им верувате на се што ќе пишат медиумите. Нашата цел беше да остане и се приджувавме на истото. Верувајте дека никој од Ливерпул не им рекол на Барса дека ќе го продадеме Кутињо ако платат одредена сума на пари“, истакна Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …