Meнаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп пофално зборуваше за Арсенал, но се надева дека неговата екипа ќе забележи победа на свој терен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Дербито на 12. коло во Премиер лигата се игра в сабота од 18:30 часот на „Енфилд“. Арсенал во претходните три натпревари забележа исто толку победи, додека Ливерпул има пораз, реми и победа.




„Не остваривме добри резултати во последните неколку недели. Поради тоа сме во ваква ситуација. Изгубивме од Вест Хем, но и да освоевме бод, немаше работите многу да се променат. Знаеме дека мораме да играме подобро и да се бориме. Арсенал е навистина добар тим, но ќе играме на „Енфилд“, изјави Клоп.




Во овој момент Ливерпул е четврти на табелата додека Арсенал е петти.
„Немаше шанси Арсенал да остане таму каде што беше на почетокот на сезоната. Беше јасно дека ќе се врати. Остварија неколку одлични резултати. Сепак, имаа и среќа во неколку натпревари. Не сме изненадени што се тука“, порача германскиот стратег.