Младиот холандски фудбалер Џастин Клајверт ова лето пристигна во Рома од Ајакс како еден од најголемите таленти во фудбалот.
Клајверт постепено добива прилика за игра во новиот клуб, но размислувањето му е доста зрело за некој кој има само 19 години кога се знае дека некои негови врсници сакаат слава преку ноќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сакам да станам стартер, но уште не е дошло моето време. Ќе дојде…За сега сум среќен што добивам минути, верувам дека работите со време ќе дојдат на своето.“ – изјави Клајверт кој ја спореди Рома со Ајакс:
„Овде е доста потешко. Очекувањата во Рома се големи, а тоа носи обврска и одговорност. Додека бев во Ајакс имав повеќе слобода на теренот, овде сум малку поблиску до центарот.“
За сега најдобар момент на Клајверт во кратката кариера во Рома е асистенцијата за победоносниот погодок на Џеко во 90. минута на натпреварот против Торино (1:0).