Ник Кирјос важи за еден од најконтроверзните тенисер на денешницата, а сега го шокира светот со своето признание.
Во интервју за австралискиот Канал 9, тој ја раскажа својата животна приказна. Тој откри како се борел со депресија и самоубиствени мисли, но и изрази незадоволство од начинот на кој публиката го доживува.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Балансот е нешто што ми е прилично тешко да го најдам. Така е од детството. За мене натпреварите се секогаш емотивна рингишпил. Навистина се трудам и понекогаш тоа е голема борба за мене. Понекогаш се будам подготвен за се, понекогаш едноставно не сакам да излезам од мојата соба. Се соочувам со проблеми кои ги имаат сите луѓе, но јас сум прилично горд. Затоа само излегувам, ја кревам главата и играм најдобро што можам во моментот. Понекогаш едноставно не можете да се справите со толку многу негативност што оди кон вас, во вашиот мозок. Се занимавам со тоа постојано“, изјави Кирјос.
Во текот на 2019 година имал многу проблеми, откри дека пиел и се дрогирал.
„Си ја повредив раката, постојано се чувствував дека ги изневерувам сите околу себе. Пиев алкохол и се дрогирав, не можев да се контролирам. Размислував за самоубиство, буквално се борев да станам од кревет за да излезам и да играм пред голем број луѓе. Бев осамен, депресивен и негативен“, откри тенисерот.