Дома Останати Ракомет Кире има голема кариера, но со вакво нешто не се соочил

Кире има голема кариера, но со вакво нешто не се соочил

Македонската ракометна легенда и спортска икона Кире Лазаорв се соочува со ретка ситуација каква што веројатно немал во својата богата кариера.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Имено, Кире за својот Нант буквално ќе мора да одигра и „трето полувреме“. Еве за што станува збор.

Се играше ¼ финалето од Купот на Франција во кое Нант за противник го имаше Нимс. Според одлуката на Ракометната Федерација на Франција од оваа средба ќе мораат да бидат повторени, односно одново одиграни последните десет минути.

Причината за вакво нешто е грешката на Нант, односно играњето со осум играчи во последните минути. Поради тоа сите погодоци постигнати од тој момент, (23:23) последните десет минути, се понишуваат.

Последните десет минути од „третото полувреме“ ќе започнат со гол предност за Нимс (22:23) бидејќи голот се поништува. Покрај тоа поради казна Нант ќе започне и со играч помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Лазаров ги избра ракометарите за битката за Мундијал против Словачка!

Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави скр…