Вчера репрезентацијата на Франција ја елиминира Аргентина во осминафиналето, а херој за „триколорите“ беше младиот Килијан Мбапе.
Мбапе го воодушеви фудбалскиот свет, постигна два гола, но на самиот почеток на мечот имаше неверојатен продор со кој покажа колку е брз.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Многумина ги интересираше брзината на 19-годишниот Французин во моментот кога прелета покрај Аргентинците, а сега и тој податок е откриен. Според „8Fact Football WC“ кој се занимава со статистика на Светското првенство, Мбапе вчера трчал со 38 километри на час додека минувал низ одбраната на „гаучосите“.
Интересно, Болт на Светското првенство во Берлин во 2009 година ја истрчал делницата од 100 метри со 37,6 километри на час и го поставил рекордното време од 9,52 секунди.
Kylian Mbappé hit 38km/h during his run to win France's penalty, faster than Usain Bolt's average speed in a 100m race. ⚡?
He is still only 19 years old. ???#WorldCup pic.twitter.com/st2xm5VMZO
— 8Fact Football WC ? (@8Fact_Footballl) July 1, 2018