Костариканецот, Кејлор Навас кој освои три тутли со Реал Мадрид во Лигата на шампионите во последните моменти од преодниот рок направи трансфер во Премиер лигата во редовите на Нотингем Форест.
Клубот кој минатото лето доведе 22 играчи, беше активен и ова лето и Навас сигурно ќе биде најголемата ѕвезда во нивните редови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Навас пристигнува на позајмица до крајот на сезоната откако претходно во ПСЖ му беше кажано дека Донарума дефинитивно ќе остане прва опција.
Трансферот во Нотингем се најавуваше во претходните денови, но беше завршен во последните моменти од преодниот рок.
Навас кој сега има 36 години во кариерата бранеѓе за Алабасете, Леванте, Реал Мадрид и ПСЖ.