Најскапиот голман на светот, Кепа Аризабалага би можел да се врати во Шпанија и да го облече дресот на Валенсија.
Кепа ја загуби довербата кај тренерот Лапмард, кој сака ова лето да донесе нов голман на „Стенфорд Бриџ“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Таквата ситуација сака да ја искористи Валенсија, која веќе испратила понуда до шпанскиот голман.
Сегашниот голман на Валенсија, Каспер Силесен најверојатно ќе го напушти клубот ова лето, па „лилјаците“ во Кепа гледаат идеална замена.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Валенсија испратила понуда за двегодишна позајмица, па сега се чека одговор од Челзи.
Сепак, „сините“ тешко дека ќе прифатат таква понуда бидејќи пред само две години за неговиот потпис платија 72 милиони фунти.