Oткако пред неколку дена си замина од Кашимпаша Рикардо Кварезма многу брзо би требало да потпише договор со новиот тим.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Кварезма ќе се врати во Португалија и таму би требало да потпише договор со Боависта.
Минатата сезона во дресот на Камшимпаша одигра 26 натпревари и постигна четири гола и се очекува да биде добро засилување за Боависта.
Во својата кариера Кварезма настапуваше за повеќе клубови, а фудбалската јавност најмногу го памети по неговиот мајсторски удар со „надворешна“ кој веројатно никој не го изведуваше подобро од него.
Сега во залезот од кариерата одлучи да игра во неговата родна земја.