Дома Фудбал Кварезма се изнервира, па на раце изнесуваше противнички играч 🎥

Кварезма се изнервира, па на раце изнесуваше противнички играч 🎥

Рикардо Кварезма подолго време не е во фокусот на фудбалската јавност, но и понатаму игра фудбал.

Кварезма го носи дресот на португалскиот прволигаш Виторија Гимараеш. Неговата екипа вчера изгуби од Беленесес со 1:0, а од овој натпревар внимание привлече потегот на Кварезма кон крајот на мечот.

Домаќините имаа предност и се обидуваа да украдат по некоја секунда за да дојдат до победа. Тоа го изнервира Кварезма кој во еден момент го крена повредениот Афонсо Соуза за да го изнесе од теренот.

Поради ваквиот потег Кваразема заработи жолт картон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио броеше до шест: Ни два одбранети пенала не го спасија Сасуоло!

Лацио го растури Сасуоло со 6-2, а Турати спречи уште потежок пораз со два одбранети пенал…