Бешикташ денес славеше над Фенербахче со 3:1 на домашен терен во рамки на 23. коло во турското првенство.
Беше ова важен меч во битката за титулата, а Бешикташ на крајот по пресврт славеше победа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Гостите подобар го отворија мечот и по осум минути поведоа преку Фернандес со 1:0. Во продолжението Бешикташ играше многу подобро и до израмнување дојде преку Вида во 49. минута.
Со крајот на средбата домашните направија пресврт, а брилјираше и Кварежма. Португалецот најпрво во 77. минута погоди за 2:1, а во судското продолжение со уште еден погодок ја потврди победата на својот тим.
Бешикташ сега има 44 бода и се наоѓа на третата позиција и тоа поради подобра гол разлика во однос на денешниот ривал кој има исто толку бодови.