Богатите Катарци понудиле 560 милиони евра за купување на Наполи.
Според пишувањето на „Дејли Мејл“, Де Лаурентис би можел да го продаде Наполи. Семејство Ал-Таин од Катар кое поседува и дел во ПСЖ преку „Катар Спортс Инвестментс“ покажало интерес за италијанскиот клуб.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Оваа информација се појавува додека во Италија се уште е актуелен хаосот на релација помеѓу Де Лаурентис и добар дел играчите од првиот тим, а дополнителен проблем прават крадците кој ги напаѓаат фудбалерите. Последна жртва пред неколку дена беше сопругата на Пјотр Зјелински.
Дури се тврди и дека Де Лаурентис изгубил желба да го води клубот.
„Се добива впечаток дека Аурелио изгуби желба за вложување во Наполи“, пишува помеѓу другото „Дејли Мејл“.
Тие потсетуваат и дека Де Лаурентис е сопственик и на Бари, па постои и можност да сака да се насочи само кон тој клуб.