Легендарниот лев бек верува во двете репрезентации, но потенцираше дека Бразил ќе биде шампион.
Роберто Карлос е често во Србија каде што работи како заштитно лице за брендот „planetwin365“, но таму и посетуваше тренерско училиште.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега Карлос зборуваше за неговите очекувања од вечерашниот натпревар.
„Србија е искусен тим. со добри играчи. Најмногу ги познавам играчите кои играат во гоелмите европски лиги. Имаат многу искуство. Натпреварот ќе биде навистина интересен. Ако мене ме прашувате, во осминафиналето одат и Бразил и Србија. Бразил ќе биде шампион, а изненадување ќе направи некоја од афричките репрезентации“, изјави Карлос.
Потоа легендарниот фудбалер беше запрашан и за менталитетот на играчите. Сите очекуваат „извинување“ за кошмарот од полуфиналето на Мундијалот пред четири години кога Бразил беше поразен со 7:1 од Германија.
„Тоа беше неочекувано, никогаш порано не се случило такво нешто. Но, мислам дека сега треба да играме и веруваме дека повторно можеме да бидеме шампиони. Ги имаме најдобрите играчи во репрезентацијата и мислам дека е вистински момент за голем успех“, истакна Роберто Карлос.