Дома Останати Кошарка НБА Кари и Вориорси ја прекинаа низата на Јута, Вестбрук сруши рекорд стар 47 години 🎥

Кари и Вориорси ја прекинаа низата на Јута, Вестбрук сруши рекорд стар 47 години 🎥

Изминатата вечер во НБА лигата Расел Вестбрук собори рекорд стар 47 години по бројот на „трипл-дабл“ учиноци. Рекордот го држеше Оскар Робертсон.

Вашингтон запиша пораз од Атланта со 125:124, а Вестбрук овој натпревар го заврши со 28 поени, 21 асистенција и 13 скока, така стигна до неговиот 182. трипл-дабл во кариерата.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Голден Стејт Вориорси успеаа да ја прекинат победничката низа на Јута. Вориорсите предводени од Стеф Кари кој постигна 36 поени славеа со 119:116. Во редовите на гостите Кларксон постигна 41 поен.

Екипата на Сан Антонио Спарс запиша клучна победа во битката за разигрување, откако на убедлив начин со 146-125 славеше над еден од најдобрите тимови од Источната конференција, Милвоки Бакс. Во дресот на Спарси одличен беше ДеРозен со 23 поени, додека кај поразениот тим се истакна Јанис со 28 постигнати коша.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Атланта – Вашингтон 125-124, Кливленд – Индијана 102-111, Мемфис – Њу Орлеанс 115-110, Сан Антонио – Милвоки 146-125, Голден Стејт – Јута 119-116, Портланд – Хјустон 140-129

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…