Дома Фудбал Англија Кариус после новата грешка: Зошто толку омраза и гнев…

Кариус после новата грешка: Зошто толку омраза и гнев…

Лорис Кариус е на удар на критичарите уште од финалето во Лигата на шампиони, а нападите на социјалните мрежи се навистина жестоки.

Германскиот голман очигледно е дестабилизиран, па синоќа на пријателскиот дуел против Дортмунд направи уште една голема грешка.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


После тоа повторно почнаа нападите и потсмевањето на социјалните мрежи, па Кариус мораше да реагира.

„Жал ми е за тие кои се радуваат на грешките на другите. Што се случува во вашиот живот, па да имате толку омраза и гнев, ве молам оставете го тоа и нека ви се случуваат само добри работи“, напиша Кариус.

Кариус потоа доби поддршка и од неговиот колега, легендарниот Икер Касиљас, кој повика да престанат нападите над германскиот голман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер Јунајтед повторно загуби бодови против Борнмут во нов спектакл

Манчестер Јунајтед не успеа да победи како гостин против Борнмут и двата тима завршија 2:2…