Дома Фудбал Останато Караско не заминал во Кина поради парите: Ова е вистинската причина!

Караско не заминал во Кина поради парите: Ова е вистинската причина!

Јаник Караско ги објасни причините за неговото заминување од Атлетико во кинескиот прволигаш Далиан јифанг.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тој во пакет со Гаитан се пресели во Кина, а точниот износ на надоместот не е објавен.

„Одлучив да го напуштам Атлетико и да започнам нова авантура со Далиан за да се приклучам во новиот проект на групацијата Ванда. Кинеската лига е во пораст, условите за работа се одлични, новата инфраструктура е модерна и е достапна за играчите и навивачите. Нивото на играта расте од година во година“, изјави Караско.

„Многу сум срќен што се приклучив на новите соиграчи. Овде можам уште повеќе да го развијам својот квалитет и иднина. Заедно со Хулк, Лавеци, Капело и, секако, со мојот пријател Витсел, сакам да допринесам за развојот на фудбалот во земјата која е така страствена кога станува збор за фудбалот“, додаде Караско за главната причина на неговиот трансфер.

Тој вкупно за Атлетико Мадрид одигра 124 натпревари, а постигна 23 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Англичаните непријатно изненадени: Еве што доживеаја пред натпреварот со Мексико на Светското првенство

Фудбалерите на Англија и Мексико ќе играат во понеделник во два часот по средноевропско вр…