Една неверојатна ситуација ни пристигнува од Норвешка, капитенот на овој клуб Вегард Форен после 13 сезони поминати во клубот и одиграни 384 натпревари си заминува на еден неславен начин.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, Форен верувал во себе па со парите собрани од неговите соиграчи кои биле казнувани седнал да се коцка и – ги изгубил!
Во него соблекувалната имала најголема доверба, па тој бил благајникот и од различните казни парите се чувале кај него. Обично поголемите клубови тие пари ги донираат во хуманитарни цели. Меѓутоа Форен бил зависник од коцкање и се нашол во големи долгови, дел од нив ги покрил со кредити, а потоа посегнал и по парите од соиграчите. Клубот објави дека тој потрошил 9.255 евра.
На крајот и самиот Форен ја призна вината и се извини на сите.
„Тажен сум што вака ја завршувам кариерата во Молд. Меѓутоа ја разбирам постапката, погрешив и ја изгубив довербата. Сакам барем да им се извинам на соиграчите, фановите, пријателите и семејството“, изјави Форен за клупскиот сајт на Молде.