Во наредните недели Оле Гунар Солскјер ќе добие долгогодишен договор во Манчестер Јунајтед.
Солскјер во декември на местото на Мурињо беше доведен на позајмица од Молде. Сепак, никој не верува дека Норвежанецот после фантастичните резултати во Јунајтед ќе се врати во Молде.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Управата на клубот од „Олд Трафорд“ ги здржа добрите односи со Молде и се благодарни што дозволија Солскјер да премине во Манчестер кон крајот на годината кога голема резултатска криза го тресеше Јунајтед.
Манчестер Јунајтед не е должен да им исплати сума на Норвежаните, но во клубот одлучиле да го „почастат“ норвешкиот клуб со шест милиони фунти и тоа е само поради желбата на „црвените ѓаволи.
Тоа е само мал дел оние 40 милиони евра кои ќе требаше Манчестер Јунајтед да ги плати ако сакаше да го доведе Покетино кој се поврзуваше со клупата на „ѓаволите“.
Манчестер Јунајтед победи на 13 од 16 натпревари под водство на Солскјер. Единствениот пораз на клубот откако е Солскјер тренер е оној на „Олд Трафорд“ од 0:2, кој неодамна беше поништен со големата гостинска победа во Париз од 1:3 со што Манчестер Јунајтед обезбеди место во четвртфиналето.
Во Премиер лигата Солскјер како тренер на Јунајтед се уште не знае за пораз. Денес го очекува дербито против Арсенал.