Дома Фудбал Англија Колку Манчестер Јунајтед ќе му плати на Молде за тоа што Солскјер доби перманентен договор?

Колку Манчестер Јунајтед ќе му плати на Молде за тоа што Солскјер доби перманентен договор?

Манчестер Јунајтед утрово и официјално потврди дека Оле Гунар Солскјер ја добил довербата од раководството на клубот во наредните три години да ги предводи „црвените ѓаволи“ од клупата.

Солскјер на клупата на Манчестер Јунајтед седна на 19-ти декември кога го наследи Жозе Мурињо. Јунајтед го доведе Норвежанецот како привремено решение, но со фантастичните резултати кои ги постигна го убеди клубот да му даде траен договор.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Секако Солскјер беше среќен поради добивањето на довербата.

„Од првиот ден кога пристигнав во овој клуб се чуствувам како дома. Имав чест да бидам играч на Манчестер Јунајтед, а потоа и да ја започнам мојата тренерска кариера тука. Последните неколку месеци беа фантастично искуство за мене и сакам да се заблагодарам на сите тренери, играчи и персонал во клубот за се што направивме во овој период. За вакво нешто сонував од самиот почеток и возбуден сум што ќе имам прилика на подолг период да бидам тренер на Манчестер Јунајтед“, изјави Солскјер.

После именувањето на Солскјер се огласи и директорот на клубот од каде што пристигне Солскјер, Молде, Нерланд.

“Ова е навистина нешто одлично за Оле. Сите се надеваме дека ќе биде успешен. Му честитам. Не знаевме дека денес ќе го именуваат, но ако ги погледнеме резултатите ова не е никакво изненадување. Кога во прашање е договорот помеѓу нас и Јунајтед нема да откривам детали, само ќе кажам дека добивме компезација, но не откривам за колкава сума станува збор“, изјави Нерланд.

Според она што може да се прочита во медиумите на Островот Манчестер на Молде му платил 1.8 милиони фунти кога го позајми Солскјер, а сега ќе им плати дополнителни 7.2 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Уште еден интересен викенд е пред нас – ќе гледаме и „Ел Класико“! 🎥

Уште малку има до крајот на сезоната. Некаде се знаат шампионите, некаде се уште има борба…