Шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте изјави дека душата го боли поради свирежите што дел од публиката на стадионот „Бернабеу“ му ги упати на Алваро Мората на пријателскиот натпревар против Бразил (3:3).
Напаѓачот на Атлетико Мадрид, кој го започна натпреварот против Бразил, имаше лоша ноќ и беше исвиркан од дел од навивачите во текот на натпреварот. Поранешниот играч на Реал Мадрид беше исвиркан и кога беше заменет во 81. минута.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
„Душата ме боли кога капитенот на репрезентацијата ќе биде исвиркан во мојата земја. Ја чувствувам болката.
Навивачите на Бернабеу беа неверојатни, но како Шпанец се срамам кога ќе биде исвиркан шпански репрезентативец“, изјави Де ла Фуенте.