Дома Фудбал Англија Кантона: Мурињо не е решението за Манчестер Јунајтед, вистинскиот човек за кормилото на „Ѓаволите“ е …

Кантона: Мурињо не е решението за Манчестер Јунајтед, вистинскиот човек за кормилото на „Ѓаволите“ е …

Легендарниот Ерик Кантона, призна дека Мурињо не е човекот кој со својот стил и прилега на фолозифијата на „Црвените ѓаволи“, па некогашниот француски фудбалер се обиде да објасни зошто смета дека тоа е така.

Кантона беше омилен кај навивачите и секогаш беше во центарот на вниманието благодарени на Сер Алекс Фергусон, па иако го почитува Португалецот како стратег, сепак смета дека Манчестер Јунајтед би требало на кормилото да го има Пеп Гвардиола.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„ Не можам да разберам зошто Манчестер Јунајтед се одлучи за стратег кој преферира дефанзивен стил на игра. Тој е многу ителигентен тренер, но тој игра дефанзивен фудбал и тоа не се соединува со идентитетот на Манчестер Јунајтед. Го сакам Мурињо како менаџер и го кажав тоа пред да пристигне. Тој е многу паметен, има огромна харизма и освои многу работи во кариерата, но фудбалот кој го негуваше Сер Алекс беше многу креативен и напаѓачки. Затоа повеќе типував на Пеп Гвардиола, клубот требаше да го назначи него за менаџер“, истакна брутално искрениот Кантона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арсенал има шанса да купи фудбалер на ПСЖ за 90 милиони евра

Арсенал, Реал Мадрид и Манчестер сити имаат голема шанса да го ангажираат играчот кој би м…