Дома Топ вести Кандидатот за претседател на Барса не го сака Нејмар и спрема отказ за Валверде

Кандидатот за претседател на Барса не го сака Нејмар и спрема отказ за Валверде

Кандидатот за претседател на каталонскиот клуб Барселона, Виктор Фонт смета дека Ернесто Валверде не е соодветен тренер за тимот.

Валверде е добар и трудољубив тренер, но со него ние се оддалечуваме од нашиот карактеристичен стил. Јас че му дадев отказ после поразот од Ливерпул, но сегашното раководство смета поинаку“, изјави Фонт.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Нејмар? Не гледам голема потреба да го вратиме. Неговото време помина, тој веќе не предаде еднаш. Јас лично му се восхитувам на Ансу Фати. Повеќе сакам да му даваме шанса на наши деца, отколку да се враќаме во минатото“, додаде Фонт, кој на крајот даде и коментар за Меси.

„На огромна жалост треба да почнеме да го планираме животот без Меси. Колку побрзо се навикнеме на тоа, толку полесно ќе ни биде. Но мислам дека возраста на Меси не е единствениот проблем за Барселона“, заклучи канидадот за претседател.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Луис Суарез на пат кон Лисабон? Спортинг веќе му најде замена на Ѓокерес!

Се поинтензивни се шпекулациите за можно напуштање на Виктор Ѓокерес од Спортинг, а португ…